Дома Трансфер зона Се сеќавате на засилувањето на Арсенал од 85 милиони евра?

Се сеќавате на засилувањето на Арсенал од 85 милиони евра?

Не беше така одамна 2019 година кога Арсенал изгледаше изгубено, денес ситуацијата е сосема поинаква.

Во таа 2019 година кога тимот беше предводен од Унаи Емери од Лил пристигна Николас Пепе за 85 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска тогаш изгледаше како некој што ќе доминира во годините што следат, но уште од самиот момент на неговото доаѓање беше очигледно дека има потешкотии со адаптацијата и пронаоѓањето на формата. За Арсенал одигра 112 натпревари и имаше учинок од 27 гола и 21 асистенција. Следеше потоа позајмица во Ница, а потоа преселба во Трабзонспор каде пристигна како слободен играч.

Фабрицио Романо денеска известува дека и Пепе ќе го напушти овој град на брегот на Црното Море како слободен агент и дека бара нова средина. Иако има повици од Саудиска Арабија и Блискиот Исток, тој сака да остане во Европа и да се обиде да ја врати кариерата на патеката која го донесе во Арсенал.

Пепе има 28 години, но прашање е на кое ниво може да игра. Враќањето во Франција изгледа како солидно решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…