Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде замена за Оливие Жиру.
Најново име на списокот на „росонерите“ е напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Гименез. Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Милан воопшто нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Мексиканецот интерес покажуваат уште Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ.
Меѓутоа, „росонерите“ веќе започнале преговори и агентот на Гименез неодамна бил во Милано на средба со раководството.
Според информациите од италијанските медиуми Мексиканецот е главна трасфер цел на Милан ова лето.