Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе нема да работи во фудбалот. ФА уште во 2019 година ја донела ваквата суспензија, меѓутоа дури сега е објавена во јавноста.
Вилијамс е суспендиран поради расизам и малтретирање на играчи. Според пишувата на „Атлетик“, Вилијамс ги малтретирал децата до 12 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Неговите разговори со црномурестита играчи некогаш беа премногу сурови и шокантни“, изјавил неименуван извор.
Против него биле поднесени две пријави, тука се вклучува и сексуално злоставување на момче од младинските категории. Вилијамс од друга страна ги негираше обвиненијата.
Покрај работата во младинските категории во споменатите 27 години тој извршува функции како главен скаут, помшник тренер, но и менаџер на екипата.