Дома Фудбал Англија Четири срамни податоци за дебаклот на Манчестер Јунајтед

Четири срамни податоци за дебаклот на Манчестер Јунајтед

Избраниците на Ерик тен Хаг забележаа срамен пораз во Лондон од Кристал Палас со резултат 4:0, а четирите примени гола можеби не зборуваат толку за кам-бекот на „црвените ѓаволи“ под водство на холандскиот стручњак како чеитири статистички податоци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Јунајтед вчера постави клупски рекорд по број на порази во една сезона од Премиер лигата, бидејќи го запиша 13-тиот пораз во сезоната.

Исто така, клубот од „Олд Трафорд“ има примено 81 гол оваа сезона во сите натпреварувања, најмногу од сезоната 1976-77 кога Јунајтед прими исто толку голови.

Да напоменеме и дека остануваат уште три натпревари до крајот на сезоната, па таа бројка може да биде и поголема.

Од тимскиот настап се издвојуваат двајца бразилски репрезентативци. Статистиката вели дека веера Касемиро бил издриблан осум пати, што е негативен рекорд за еден фудбалер оваа сезона.

Далеку под нивото на кое треба да биде беше и Антони.

Против Кристал Палас, крилниот напаѓач имаше 68 отсто успешни додавања, еден шут, два неуспешни дриблинзи, а не создаде и ниту една шанса за гол…Тен Хаг него го замени по 60 минути на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…