„EСПН“ е еден од најдоверливите извори кога во прашање НБА, сега овој медиум објави свои предвидувања за драфтот во НБА.
Според нив прв пик на драфтот ќе биде неверојатниот Лука Дончиќ и ќе биде избран од Феникс Санс.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доколку оваа прогноза се оствари, Дончиќ ќе биде само вториот кошаркар од Европа кој бил прв пик. Пред него тоа беше Андре Баранини во 2006 година.
Престижниот американски медиум предвидува дека Словенецот ќе биде пред „NCAA“ сензијата Деандре Ајтон, но и Трај Јонг кој многумина го сметаат за наследник на Стеф Кари.
Фантастичниот 18 годишен Дончиќ играјќи за Реал Мадрид оваа сезона во Евролигата просечно постигнува 17.9 поени по натпревар.
Во продолжение ова се првите 10 пикови на НБА драфтот според „ЕСПН“.
1. Лука Дончиќ (Реал Мадрид)
2. Деандре Ајтон (Аризона)
3. Мохамед Бамба (Тексас)
4. Џарен Џексон (Мичиген Стејт)
5. Мервин Багли (Дајк)
6. Мајкл Портер (Мисоури)
7. Трај Јонг (Оклахома)
8. Вендел Картер (Дајк)
9. Колин Секстон (Алабама)
10. Микал Бриџес (Виланова)