Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар и стигна до голем подвиг.
Дончиќ против Феникс постигна 30 поени (шут од игра 8/14, тројки 4/9) со тоа беше прв стрелец во тимот на Далас кој славеше победа од 104:94.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова за Словенецот беше четврти пат да постигне најмалку 30 поени. Натпреварот го заврши со четири поени помалку од личниот рекорд.
Освен поентерскиот учинок Дончиќ додаде шест скокови, пет асистенции и три украдени топки. Тоа е само седми пат во историјата на НБА еден тинејџер да го заврши натпреварот со вакви бројки. Уште повеќе импресивно звучи податокот во какво друштво влезе Дончиќ со вакво остварување.
Единствените двајца играчи кои до овој натпревар успеаа во вакво нешто се викаат Леброн Џејмс и Кевин Дурант.
.@luka7doncic finished w/ 30pts/6rebs/5asts/3stls that's only 7th time in NBA history that a teen has finished w/those totals. Only other 2 players to ever accomplish that are LeBron James & Kevin Durant. But most importantly we got the W!
Next match: 7pm on Friday in Minnesota! pic.twitter.com/q83QtVaKDL
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) January 10, 2019