Фудбалерите на Арсенал синоќа беа поразени во финалето на Лига Европа од Челси со 4:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Топџиите не успеаја да го освојат трофејот а со тоа и да изборат пласман во ЛШ, па од следната сезона повторно ќе ги гледаме во ЛЕ.
Арсенал добро го отвори натпреварот и играше офанзивно во првиот дел, но тоа во продолжение се промени. Челси одигра одлично второ полувреме и на крајот заслужено славеше.
Овој пораз тешко им падна на играчите на Арсенал, кои се свесни дека пропуштија голема шанса за освојување трофеј. Тоа посебно се однесува на Лукас Тореира кој не успеа да ги сокрие емоциите.
