Дома Трансфер зона Лукаку тренира со младинците, Мурињо го сака во Рома

Лукаку тренира со младинците, Мурињо го сака во Рома

Иднината на Ромелу Лукаку и понатаму е главна тема, бидејќи Белгиециот се уште не може да си најде нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи не смета на него и му порача да си најде нов клуб, а доказ за тоа е што напаѓачот тренира со младинците и нема никаков контакт со Покетино.

Лукаку првично одби да се приклучи на Ал Хилал, што ќе донесеше богатство за него и за клубот, а потоа го саботираше потенцијалното враќање во Интер, откако почна преговори со Јувентус.

Сега е без клуб, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Рома. Мурињо е во потрага по нов напаѓач, па откако пропадна трансферот на Запата сега се насочува кон Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…