Дома Фудбал Останато Лукаку: На 15 години без проблем дигав 100кг на бенч

Лукаку: На 15 години без проблем дигав 100кг на бенч

После 30 одиграни кола во Серија А Интер е лидер на табелата со 74 освоени бодови, 11 повеќе од второпласираниот Милан и 12 повеќе од Јувентус.

Еден од најзаслужните можеби и најзалужен за оваа лидерска позиција на Интер е Ромелу Лукаку. Одличниот Белгиец до сега постигна 21 гол во Серија А и во овој момент е втор стрелец во лигата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Белгискиот напаѓач вчера одговараше на интересни прашања од навивачите во „лајв“ на Инстаграм на страницата 433. Некои од нив беа навистина интересни. Еден од заштитните знаци на Лукаку се мускулите и силата која ја поседува, па еден навивач го интересираше колку тренери.

„Хаха, ќе откријам нешто. На 15 години без проблем на бенч дигав 100 килограми, но денес тоа не смеам да го правам, не ми го дозволуваат кондиционите тренери. Еднаш се обидов и се налутија на мене“, одговори Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…