Дома Фудбал Италија Лукаку за разликата помеѓу него и Ибрахимовиќ: Тој сака да победува за себе, а јас за тимот

Лукаку за разликата помеѓу него и Ибрахимовиќ: Тој сака да победува за себе, а јас за тимот

Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ имаа жесток дуел за време на четвртфиналето во италијанскиот куп помеѓу Интер и Милан, а од тогаш често пати испраќаат провокации еден кон друг.

Сега Лукаку во изјава за „Кориере дело Спорт“ повторно испрати провокација до Швеѓанецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„До Јунајтед ние имавме добар однос. На Серија А и требаат играчи со неговиот квалитет. Но, разликата помеѓу мене и него е што тој сака да победува за себе, а ја за тимот“, изјави Лукаку.

Ако се знае дека Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан на уште една сезона, јасно е дека во новата сезона ќе видиме нова средба помеѓу двајцата голгетери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова никогаш не сте го виделе: Енрике ја напушти клупата, па „од далечина“ командуваше во второ полувреме

Актуелниот европски шампион – Пари Сен Жермен, започна фуриозно со одбрана на титула…