Списокот на потенцијални кандидати за тренерското столчне на Арсенал веќе е сведен на петмина тренери, пренесуваат медиумите на Островот.
Раководството на Арсенал се откажало од можноста да го привлече Луис Енрике по крајот на сезоната, бидејќи неговите финансиски барања биле премногу високи за „топџиите“, тврди „Дејли Мејл“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шефовите на Арсенал воопшто немаат намера да даваат огромна плата на идниот тренер, особено имајќи предвид дека тимот нема да игра во Лигата на Шампионите следната сезона.
Моментално има 5 кандидати кои се во потесниотс список, а станува збор за Масимилиано Алегри, Патрик Виеира, Микаел Артета, Јоаким Лев и Леонардо Жардим.
Медиумите на Островот тврдат дека големи се шансите „топџиите“ клупата да му ја доверат на млад тренер, па веројатноста да биде назнаечен еден меѓу Виеира и Артета во овој момент е многу голема.
Arsenal have ditched Luis Enrique from their final five candidates for new manager, which includes Max Allegri, Mikel Arteta, Patrick Vieira, Leonardo Jardim and Julian Nagelsmann. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/81gWMUFC2f
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 10, 2018