Дома Фудбал Англија Луд натпревар во Англија: Шест гола, четири црвени картони, промашен пенал, пресврт…

Луд натпревар во Англија: Шест гола, четири црвени картони, промашен пенал, пресврт…

Викендов, посебно вчера вниманието беше насочено кон неколку дерби средби кои се играа во најсилните првенства, а во сенка на нив во Чемпионшип се одигра еден необичен дуел.

Дуелот помеѓу Шефилд Јунајтед и Блекпул беше преполн со возбудувања, а на крајот заврши со поделба на бодовите (3:3). Шефилд имаше предност од 2:0, за потоа Блекпул да направи пресврт и да поведе со 3:2, но тоа водство не го задржа до крајот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Голот за реми беше постигнат во 98. минута. Треба да се спомене и дека претходно не беше реализиран пенал. Покрај споменатите шест гола и промашениот пенал, видовме дури четири црвени картони, три од нив за Блекпул и еден за Шефилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн има страшен старт на сезоната – девет победи на девет меча!

Баерн Минхен ја започна сезоната на фантастичен начин – со максимален ефект во сите …