Шефилд Јунајтед е пред враќање во Чемпионшип, а денеска во Премиер лигата постави еден негативен рекорд.
На свој терен овој тим загуби со 1:4 од Барнли и со овие четири гола тие ја пробија границата од 50 примени голови на свој терен (51). Со оваа бројка тие станаа првиот тим во историјата на Премиер лигата сметано од 1992 година кој примил волку голови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако се знае како игра Шефилд веројатно рекордот ќе биде продолжен затоа што пред своите гледачи имаат уште два натпревари против Нотингем Форест и Тотенхем.
Апсолутниот рекорд кога е најсилната англиска конкуренција во прашање и пред формирањето на Премиер лигата како што денес ја познаваме го држи Астон Вила со 56 гола примени на домашен терен.