Дома Фудбал Англија „Манчестер Јунајтед е очаен, послаб е само Шефилд“

„Манчестер Јунајтед е очаен, послаб е само Шефилд“

Легендарниот англиски напаѓач, Алан Ширер е уште еден во низата кои пронајдоа забелешки на очајната игра и резултати на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед игра уште една лоша сезона во која испадна од европските натпреварувања, а прашање е со ваква форма дали ќе обезбеди настап за наредната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ширер ја критикуваше играта на тимот и работата на Тен Хаг.

„Манчестер Јунајтед игра срамно сезонава и тоа треба да се признае. Постигнаа само 18 гола, помалку има само Шефилд. Шефилд Јунајтед кој е последен на табелата. Тен Хаг зборува дека има план, но јас не знам за што зборува. Работите одат само во лоша насока“, изјави Ширер.

Манчестер Јунајтед во последните пет кола има само една победа, додека на последните четири средби не постигна гол. Утре избраниците на Ерик Тен Хаг ги чека натпревар против најпријатното изненадување сезонава, Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…