Дома Фудбал Останато Луда приказна од Србија: Успеал да го измами клубот дека играл за Манчестер Сити и добил договор! (фото)

Луда приказна од Србија: Успеал да го измами клубот дека играл за Манчестер Сити и добил договор! (фото)

izmanik

Eдна од најлудите фудбалски приказни ни пристигнува од Србија каде што се изигирани челниците на второлигашот Слобода од Ужице.

Во Слобода минатата сезона доведоа играч од Зимбабве кој се претставил како играч кој има искуство од играње во Манчестер Сити. Чибихаро Тинотенд на луѓето во клубот им објаснил дека своевремено бил капитен на тимот до 21 година на „граѓаните“, но се било – лага!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како доказ доставил и фотографија на која е во дресот на Сити, но на фотографијата на која не се гледа лицето на фудбалерот се покажало дека не е тој.

„Играњето за Манчестер Сити беше одлично искуство за мене кое ме разви како играч и како личност. Играв со некои феноменални играчи кои ме научија многу и ми помогнаа да станам фудбалер каков што сум денес“, изјавил 25 годишниот изманик на претставувањето во српскиот клуб пред неколку месеци.

На Википедија луѓето во Слобода пронајдоа дека одиграл само 18 натпревари за шкотски Климрок. Добил договор со Слобода и одиграл седум натпревари. Не се запиша во листата на стрелци, па не ја дочека новата сезона во овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ ја избра идеалната шестка. Ги нема Кристијано и Меси

Лука Модриќ го избра идеалниот тим за шест на шест во интервју за Icons.com. Тој требаше д…