Дома Македонски спорт Мак фудбал Лошoто време во Струмица донесе среќа за Шкендија: Муслиу и Ибраими обезбедија двојна круна за тетовци

Лошoто време во Струмица донесе среќа за Шкендија: Муслиу и Ибраими обезбедија двојна круна за тетовци

Денес во 20:00 часот беше одиграно финалето во Купот на Македонија помеѓу битолски Пелистер и новиот шампион во домашното првенство Шкендија.

Шкендија беше фаворит и пред почетокот на натпреварот, а на крајот и оправда фаворитската улога.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


На стадионот во Струмица имаше навистина тешки услови за игра поради силните врнежи од дожд.

Тетовци први стигнаа до предност во 20 минута со голот на поранешниот фудбалер на Вардар, Висар Муслиу. Иако имаше и уште по некоја шанса тоа беше и единствениот гол кој го видовме во првиот дел.

Бесар Ибраими ја продолжи одличната форма од првенството и веќе на стартот од вториот дел погудува за 0:2 и во тој момент веќе стана јасно дека Шкендија е блиску до трофејот во купот.

Точка на натпреварот стави Муслиу со вториот гол во 72 минута од натпреварот.

Иначе ова беше прва двојна круна за Шкендија (освоено домашно првенство и куп).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…