Дома Фудбал Италија Лоши вести за Интер пред дербито со Лацио

Лоши вести за Интер пред дербито со Лацио

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе го пропушти дербито помеѓу Интер и Лацио кое на програмата е во недела.

21-годишниот напаѓач се здоби со повреда на десното колено за време на репрезентативните настапи, а деталните прегледи не покажаа поголеми оштетувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Мартинез ќе мора да пауза најмалку две недели, што е лоша вест за Интер поради фактот штој тој беше прв избор кај Спалети во отсуство на Икарди.

За среќа на „нероаѕурите“, Икарди се врати во тренажен процес и ќе биде повикан за мечот со Лацио, но прашање е дали ќе може да помине цели 90 минути на теренот.

Покрај Мартинез надвор од тимот поради повреда ќе биде и Стефан де Вриј, кој исто така се повреди за време на репрезентативните обврски.

Дербито помеѓу Интер и Лацио е од клучно значење за двата тима бидејќи е директен дуел на два тима кои се борат за пласман во Топ 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тргна со плата од 300 евра, а овој викенд ќе израмни голем рекорд во Премиер лигата

Дваесет и четири години по неговото дебитирање, 40-годишниот Џејмс Милнер в недела против …