Дома Фудбал Останато Ловрен ја копираше прославата на гол од Салах, Египѓанецот го повика на Инстаграм

Ловрен ја копираше прославата на гол од Салах, Египѓанецот го повика на Инстаграм

Во последното коло од англиската Премиер лига фудбалерите на Ливерпул пред домашните навивачи го совладаа Брајтон со убедливи 4:0.

„Црвените“ така се збогуваа од своите навивачи што се однесува на Премиер лигата за оваа сезона, а сега се посветува внимание на финалето во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид. Ливерпул со четири гола го испрати Брајтон дома, а во листата на стрелци се запиша и Дејан Ловрен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хрватскиот дефанзивец се најде во центарот на вниманието по натпреварот, бидејќи Мохамед Салах го „обвини“ дека ја копира неговата прослава на гол. Египѓанецот дебатираше на социјалните мрежи и го праша Ловрен што треба да значи, а дефанзивецот на Ливерпул имаше спремен одговор.

„Копирав? Нема шанси! Само немав шанса да постигнал гол пред тебе“, напиша Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул и Реал Мадрид со највисоки шанси за шампиони, покажува истражување

Првакот на Премиер лигата Ливерпул е фаворит да ја одбрани титулата во англиското првенств…