Дома Македонски спорт Лина блеска: Фуриозно се пласираше во финале!

Лина блеска: Фуриозно се пласираше во финале!

Лина Ѓорческа (5.носителка) успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Куршумлијска бања, Србија откако во полуфиналето денеска ја совлада Доминика Салкова од Словачка со 2-0 во сетови (61 63) за 58 минути игра.

Ова за македонската тенисерка ќе биде четврто финале во 2023 година (Осиек, Куршумлиска бања и Талин – сите ги загуби) или вкупно 33.то во кариерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Доминацијата во мечот Ѓорческа ја потврди и низ статистичките податоци, а по подого време имаше повеќе ас сервиси (7) од двојни сервис грешки (5), притоа оствари и 6 брејка од 10 можности.

Во првиот сет македонската тенисерка поведе со 3:0 во гемови, а потоа Салкова направи брејк – 3:1 и во продолжение Ѓорческа освои уште три гема за вкупни 6:1 во гемови и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет противничката поведе со 2:0, но следуваше серија од три гема за Ѓорческа за водство од 3:2, а по изедначувањето (3:3) македонската тенисерка со серија од три гема го реши сетот и со тоа и мечот.

Во финалето утре Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Даниела Висмане (Летонија) и Антонија Ружиќ (Хрватска). Тоа ќе биде шанса да го освои 13.тиот трофеј во сингл конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…