Во историјата имало многу млади играчи кои играле фантастично, но малку кој толку млад стигна до фудбалскиот врв.
Килијан Мбапе има само 19 години, а зад него се веќе две сезони во Лигата на шампионите и освоено Светско првенство, на кое беше еден од најдобрите три млади играчи. Некое големо чудо би требало да се случи, за кога Меси и Роналдо заминат во фудбалска пензија, Мбапе да не доминира во европскиот и светскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ниту Роналдо, ниту Меси, толку млади не биле на насловната страна на таблоидот „Тајм“.
Во серијалот „Лидери на новите генерации“, Мбапе доби најмногу простор, а за американскиот медиум откри разни детали од својот живот.
„Мојот живот многу брзо се смени во целост. Среќен сум бидејќи го правам она за што секогаш сонував. Но, пропуштив многу. Не сум имал воопшто многу нормални моменти како секој друг тинејџер. Опуштено дружење со пријателите, излегувања и уживање во слбодното време, како сите мои врсници“, зборуваше помеѓу другото Мбапе.
Мбапе целиот износ кој го доби како награда за освојување на СП го донираше како помош за децата со инвалидитет.
„Научив дека најголемите ѕвезди и најголемите играчи најчесто се скромни луѓе, таквите фудбалери луѓето најмногу ги почитуваат. Во ова денешно лудило мораш да задржиш малку човечност. Мораш да ги почитуваш и другите да бидеше скромен“, додаде супер талентираниот Французин.
https://www.youtube.com/watch?v=avJ6ZzulZdg&t=17s