Со денешните натпревари Шериф – Шкендија, Хапоел БШ – Динамо Загреб и Спартак Трнава – Легија почнува разврската во 3-то коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Тетовци на гостувањето во Молдавија кај составот на Шериф ќе треба да ја одбранат минималната предност од 1-0 остварена на првиот меч во Скопје кој го добија благодарение на голот на Бесарт Ибраими.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, шансите кои ги создадоа фудбалерите на Шерив на споменатиот меч, особено во вториот дел се голема опомена за избраниците на Ќатип Османи, дека задачата во возвратниот дуел нема да биде ни малку лесна.
Ако има добар предзнак, тоа е фактот дека „црвено-црните“ својот последен гостински триумф го забележале токму во Молдавија, на почетокот од ланската европска авантура кога ја декласираа Дачија со 0-4.
Победникот од дуелот во Молдавија, Шериф – Шкендија, во следната фаза ќе игра со австриски Салцбург, од каде што, пак, победникот ќе игра во плејофот за ЛШ, а поразениот ќе обезбеди играње во плејофот за пласман во Лига Европа. Поразениот, пак, од мечот во Молдавија во 4-то коло од квалификациите за Лига Европа ќе игра со подобриот од дуелот Санта Колома (Андора) – Валур (Исланд).
Според букмејкерите Шериф е голем фаворит. Коефициентот за победа според Coinbet24 изнесува 1.54 за реми 3.80 додека за победа на Шкендија коефициентот е 7.10.
Покрај овој натпревар денеска се играат и возвратните средби меѓу Хапоел Бер Шева и Динамо Загреб на нашиот Адеми. Хрватскиот шампион влегува со убедлива предност од 5-0 по првиот меч, додека предност од 2-0 ќе има и Спартак Трнава која на домашен терен игра против Легија Варшава.