Дома Фудбал Лига на шампиони Лига на шампиони и Лига Европа со спектакуларен мини-турнир во август

Лига на шампиони и Лига Европа со спектакуларен мини-турнир во август

УЕФА мака мачи да го најдобриот план за завршување на сезоната поради пандемијата со коронавирусот, сега медиумите пишуваат за ново сценарио.

Неодамна УЕФА ги одложи Лигата на шампионите и Лигата на Европа со цел да се реши прво работата со домашните првенства и најави дека европските натпреварувања ќе се доиграат во јули и август. Сега се појави можност за ново сценарио.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И ова сценарио изгледа како одлично за фудбалските фанови затоа што би не очекувале три недели врвен фудбал во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Според ова сценарио УЕФА би исфорсирала првенствата да завршат до првата полвина од август, за потоа да следи спектакл во наредните денови – три недели постојано врвен фудбал. Најверојатно би се играло по скратен систем со завршница од примерот на „фајнл-фор“ во ракометот на неутрален терен, а организатори би биле избраните домаќини за финалето во овој случај Истанбул во Лигата на шампионите и Гдањск во Лигата на Европа.

Ова изгледа како можно сценарио затоа што УЕФА не сака да ја развлече сезоната во септември или октовмри затоа што тоа би донело проблеми за наредната. Сепак, спектаклот нема да биде целосен затоа што тешко може да очекуваме дека натпреварите ќе се играат пред публика. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…