Дома Фудбал Останато Лига Европа: „Џелатот“ на црвено-црните во тимот на колото

Лига Европа: „Џелатот“ на црвено-црните во тимот на колото

le

Во текот на вчерашниот ден беа одиграни натпреварите од првото коло во Лигата на Европа, а УЕФА денес го објави и тимот на колото.

Очекувано, во него нема ниту еден играч од редовите на Вардар, додека од редовите на противникот на македонскиот шампион, Зенит, место добија двајца фудбалери, Александар Кокорин кој беше двоен стрелец и играчот од средината Нобоа.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Нападот на овој тим е предводен од напаѓачот на Милан, Андре Силва кој постигна хет-трик во натпреварот против Австирја Виена.  Покрај Силва тука е и неговиот соиграч Хакан Чалханоглу, додека местото на левата страна во нападот му припадна на Алексис Санчез.

Друштво на споменатиот Нобоа во средината на теренот му прави и Емре од турски Басакешир. Потоа одбраната ја сочинуваат Собол (Славија Прага), Љоренте (Реал Сосиедад), Елез (Ријека), Сакаи (Марсеј).

За голман на колото беше избран Херерин од Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пандев, Христов, Стојкоски, Чоко…Ова се легендите кои ќе настапат за Македонија против Бугарија (Фото)

Христо Стоичков и Горан Пандев ќе ги предводат селекциите на Бугарија и Македонија на хума…