Дома Фудбал Останато Лига Европа: Јунајтед ремизираше во Брисел, нереди во Лион, победничка игра на Селта и Ајакс

Лига Европа: Јунајтед ремизираше во Брисел, нереди во Лион, победничка игра на Селта и Ајакс

Во сенка на навивачките инциденти кои се случија во Лион минаа првите четвртфинални натпревари во Лига Европа. Јунајтед не успеа да победи во Брисел, а предноста на домашниот терен ја искористија Лион, Селта и Ајакс.

Навивачите на Бешикташ направија вистински хаос во Лион, во пресрет и пред самиот почеток на натпреварот Лион-Бешикташ. Според некои проценки 15.000 фанови на Бешикташ, од Истанбул, но и од цела западна Европа, пристигнале во Лион.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Во текот на денот предизвикале неколку инциденти во градот, се судриле и со полицијата, а хаосот потоа го префрлиле пред стадионот каде ги напаѓале домашните навивачи.

Нередите кулминираа пред почетокот на дуелот, кога турските навивачи, сместени на горните трибини, започнаа со пиротехника да фрлаат по навивачите. Бегајќи од петардите и останатата пиротехника, навивачи влегоа на теренот, поради што почетокот на мечот доцнеше 45 минути.

Кога станува збор за мечот, Бешикташ беше за нијанса подобар во првиот дел, во кое стекна предност од 1:0, со голот на Бабел.

Лион во второто полувреме тргна во тотална офанзива, два пати неговите фудбалери ја погодија рамката оф голот, Лаказет не реализира „мртва шанса“, но постигнаа два гола за нецели 60 секунди. во 82. и 83.минута, преку Толисо и Морел.

Манчестер Јунајтед во Брисел само ја продолжи серијата на нерешени резултати. Ерменецот Мхитаријан го постигна голот за Јунајтед, по акцијата на Валенсија и Рашфорд. Во второто полувреме, тимот на Мурињо, пропушти неколку добри можности да го реши победникот, но резултатот остана 0:1 се до 86.минута кога Дендокер успеа да израмни на 1:1.

Ајакс стекна значајна предност против Шалке на својата „Амстердам арена“. Ајакс со головите на Класен во 23. и 53.минута победи со 2:0.

Најмногу голови имаше во Виго, каде Селта славеше над Генк со 3:1. Бетијус во 11.минута ги шокира домашните навивачи, но до крајот на првото полувреме Селта постигна три гола преку Систо, Аспас и Гуидети. Конечниот резултата го постави Буфел во 67.минута.

Реванш натпреварите ќе се одиграат на 20.април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…