Лигата на Шампионите следната сезона ќе биде речиси недостижна за малите тимови.
Тимовите од четирите најдобри европски лиги нема да имаат директни претставници со што значително ќе се намали бројот на малите тимови во најеилитното натпреварување, а причината за овие промени се парите. Промените што доаѓаат во ЛШ ќе направат дополнителна разлика помеѓу малите и големите тимови. УЕФА одлучи значително да ги зголеми паричните награди, па пласманот во Лигата на Шампионите на екипите од најсилните четири лиги ќе им донесе околу и до 15 милиони евра.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Неколку работи ќе се одлучуваат за тоа колку тимовите ќе соберат пари во секоја сезона. ТВ правата ќе донесат 15%, за учество ќе добијат 25%, резултатите кои ќе ги остваруваат 30% и резултатите од минатото дури 30%. Тоа значи дека тимовите со богата историја, како Милан или Арсенал, ако се пласираат во ЛШ ќе добијат поради историјата поголеми пари од екипите како што се на пример Рома, Наполи или Тотенхем.
Клубовите кои ќе остварат пласман во Лигата на Шампионите ќе добијат 2,7 милиони евра. Учесниците во осмина финалето ќе добијат 9,5 милиони евра, милион повеќе ќе добијат четвртфиналистите, додека тимовите во полуфиналето ќе добијат 12 милиони. Финалистите ќе добијат 15 милиони евра, победникот 19 милиони, а титулата во ЛШ ќе вреди вкупно 82 милиони евра и тоа без различните бонуси кои УЕФА ги подготви.
Доколку на пример Реал Мадрид ја освои титулата, со дополнителните бонуси за резултатите во минатото и сегашните и наградниот фон, ќе добие дури 114 милиони евра и тоа без процент од продажбата на ТВ правата. Лигата на Шампионите станува вистински бизнис. Очигледно е дека сето тоа направи уште поголема разлика помеѓу малите и големите екипи, а онаа екипа која покрај гигантите ќе успее да ја пројде барем групната фаза ќе има многу помала заработка во однос на важните тимови во светот на фудбалот.