Дома Трансфер зона Ливерпул ја сака ѕвездата на Салцбург

Ливерпул ја сака ѕвездата на Салцбург

Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари минатата година пристигна во Салцбург од Филаделфија.

Најсилен интерес за него покажува англискиот гигант Ливерпул, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 25 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за „црвените“ кои сакаат да ја победат конкуренцијата.

Аронсон оваа сезона на 35 меча постигна 5 гола и запиша 10 асистенции, а особено се истакна во натпреварите од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…