Шефилд Јунајтед и Ливерпул постигнаа договор за трансфер на талентираниот напаѓач, Рајан Брустер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Менаџерот на „црвените“ долго време размислуваше да го задржи 20-годишниот напаѓач, кој минатата сезона постигна 11 гола на 20 меча за Свонси.
За Брустер постоеше огромен интерес од многу англиски клубови, па на крајот Шефилд Јунајтед победи во трката за неговиот потис.
За фудбалерот кој не одиграл ниту една минута во Премиер лигата Шефилд Јунајтед ќе издвои 25 милиони евра, но според информациите Ливерпул во договорот ставил „бај-бек“ клаузула.