Ливерпул е домаќин на Порто во првиот ¼ финален натпревар во Лигата на Шампиони. Домаќинот е фаворит, особено на овој прв меч во кој Порто влегува со големи дефанзивни проблеми. Кога една екипа има проблеми во дефанзивата против екипа со офанзива како Ливерпул, тогаш се е јасно.
Ливерпул може да има незаборавна сезона, но и очајна
И покрај тоа што Клоп ќе има исклучително тешка задача на сите фронтови, следните два месеци може тој да ја претвори оваа сезона во една од најнезаборавнитесезони на Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Јирген Клоп имаа одлична жрепка во Лигата на Шампиони, а во Премиер Лигата со во тесна трка со Сити. Ваков епилог навивачите на овој тим, можеа само да покасуваат пред сезоната. Доколку успеат да стигнат до двата трофеи, ова ќе биде неверојатна сезона за нив. Впрочем, Црвените веќе го имаат постигнато тоа и тоа на два пати, но последен пат во 1984 година.
Минатата сезона Ливерпул го декласираше Порто
Ливерпул минатата сезона играше токму со Порто во Лигата на Шампиони и успеа да го елиминира. Интересно, но првиот меч во Англија заврши 0:0. На реваншот пак, Ливерпул славеше со убедливи 0:5.
Тие сезонава тешко поминаа во групната фаза во една од најтешките групи. Завршија втори ад Париз Сен Жермен и пред Наполи. Интересно, но тие ги загубија сите три гостински натпревари. Сепак тоа нема да биде проблем за нив, откако славеа со 1:3 минатата фаза на еден од најтешките терени во Европа, во Минхен кај Баерн.
Нивната главна загриженост за овој натпревар се должи на она што се случи во Минхен – Енди Робертсон доби жолт картон што значи дека е суспендиран за првиот натпревар. Според тоа, Алберто Морено изгледа ќе стартува на левата бековска позиција. Позитивна вест е враќањето на Џо Гомез на тренинг, иако тој се уште не се врати во натпреварувачки ритам, па тешко е да се верува дека ќе започне.
Дефанзивни проблеми за Порто
Порто, исто така, има проблеми со суспензии за овој натпревар. Столбот во одбраната, поранешниот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Пепе е суспендиран. Поради истата причина нема да настапи ниту играчот од средниот ред, Хектор Херера.
Отсуство на Пепе е посебно загрижувачко за португалците со оглед на тоа што левиот бек Алекс Телес, исто така беше повреден во последните неколку недели.
Вообичаениот десен бек Едер Милитао, најверојатно ќе биде прекомандуван на бековската позиција. Но целата оваа трансформација во одбраната сама по себе може да донесе проблеми. Тие ќе мора да се справат со Мо Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане кој постигна седум гола во последните седум натпревари.
Овие тројца беа стрелци на головите минатата година кај Порто со тоа што Мане постигна хет-трик. Порто, кој никогаш не победиил на англиско тло во 18 обиди (15 порази и 3 ремија), барем сака да ја повтори играта од минатата фаза кога ја елиминира Рома.
И Порто во трка за титулата во Португалија
Нивната домашна сезона има некои сличности со онаа на нивните домаќини. Тие исто така се наоѓаат во трката за титула. Во моментов имаат ист број на бодови со Бенфика и го делат лидерското место. Но порто е во одлична форма кога е во прашање домашниот шампионат и загубија само еднаш од 7-ми октомври и тоа токму против Бенфика. Оваа екипа е свесна дека мора да освои барем една титула за да има успешна сезона. Но во исто време се свесни и дека многу пореално е да стигнат до титулата во Португалија, па затоа ќе влезат растеретено во овој меч и без голем притисок. Токму тоа, може да биде најголемата опасност за Ливерпул.