Ова се размислувањата на Арсен Венгер, можеби звучи чудно, но веројатно и има право.
Алекс Окслејд Чемберлејн е на продажба. Одбиена беше понудата од Арсенал да го продолжи договорот, причината не се парите, туку спортскиот мотив и желбата за трансфер во Ливерпул.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, изгледа дека Арсенал нема да му излезе во пресрет.
Арсен Венгер наводно смета дека е подобро да го продаде Чемберлејн на Челзи кој нуди 50 милиони евра за англискиот репрезентативец, бидејќи Челзи е помала опасност за „топџиите“ во борбата четвртата позиција. Французинот верува дека „сините“ и онака имаат подобар тим од Арсенал во овој момент.
Звучи чудно, но има логика, Венгер не сака да го засилува Ливерпул кој веќе има проблеми, ако Кутињо замине во финишот, црвените не би имале време да доведат адекватна замена.
Покрај тоа Ливерпул нуди и нешто помала сума, околу 45 милиони, па поради тоа Венгер веројатно ќе успее пред навивачите да ја оправда продажбата во градскиот ривал.