Дома Фудбал Останато Ливерпул носи ГОЛЕМО засилување и им ја расипува работата на Барса

Ливерпул носи ГОЛЕМО засилување и им ја расипува работата на Барса

Ливерпул може да добие големо засилување уште во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Знаете дека Ливерпул е заинтересиран за Марко Асенсио од Реал и Лоренцо Инсиње од Наполи, како и дека еден од нив двајца во голем трансфре би можел да пристигне на „Енфилд“ уште во јануари. Наводно, Ливерпул е подготвен да се отвори за едно квалитетно засилување, за да ги подобрат своите шанси во борбата за титулата.

И додека сите зборуваат за големи имиња и бројки, се појави една многу пореална опција. Имено, според пишувањата на францускиот „L`equipe“, Ливерпул би можел да го ангажира Адриен Рабиот од ПСЖ. Јасно е дека Рабиот ќе се раздели со ПСЖ, па англискиот гигант е заинтересиран за неговите услуги.

По тоа се појавија приказни дека Рабиот се договорил со Барса, но токму споменатиот медиум, како и каталонските медиуми се упорни во тврдењата дека договор помеѓу францускиот играч и шампионот на Шпанија не постои. Францускиот весник верува дека токму Ливерпул е првиот кандидат за доведување на играчот, а освен Ливерпул и Барса, за него се заинтересирани и Тотенхем и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што значи „правилото на Винисиус“? За првпат видено на Светското првенство, црвен картон што влегува во историјата

Интересна ситуација можевме да видиме во првото полувреме од натпреварот Турција – П…