Ливерпул е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.
Клоп во алжирскиот репрезентативец гледа идеално засилување за средниот ред, каде „црвените“ имаат многу проблеми од почетокот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Бенасер одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2024 година, но Милан веќе започна преговори за продолжување на соработката и сигурно нема да го продаде во јануари.
Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати, доколку Бенасер на го продолжи договорот на крајот на сезоната.