Дома Фудбал Англија Ливерпул го договори првото летно засилување!

Ливерпул го договори првото летно засилување!

Aнглискиот гигант Ливерпул постигна договор и доби нов спортски директор.

Во прашање е Ричард Хјуз, кој беше желба на повратникто на местото извршниот директор Мајкл Едвардс.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хјуз беше технички директор на Борнмут, со кого се разделува на крајот од актуелната сезона кога ќе се пресели на „Енфилд“.

Според доверливиот новинар Пол Џојс, првата задача на Ричард Хјуз ќе биде да помогне во изборот на нов менаџер, бидејќи како што е познато Јирген Клоп на крајот од сезоната заминува.

Наводно, Хјуз на својата листа има три имиња и тоа – Чаби Алонсо, Рубен Аморим и Роберто Де Зерби.

Одамна е познато дека Чаби Алонсо е првиот пик на Ливерпул, но Шпанецот го „брка“ и Баерн Минхен, кој бара замена и за Томас Тухел.

Де Зерби е ценет и поради работата во Брајтон, но го следат и бројни клубови како Барселона и Милан, па дури и Манчестер Јунајтед.

Тука е и Рубен Аморим кој прави чуда со Спортинг Лисабон. Многумина го гледаат во Премиер лигата, само прашање е дали ќе биде на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жозе Мурињо се враќа на тренерската позиција во Бенфика

“ЖОЗЕ МУРИЊО во Бенфика!” објави познатиот Фабрицио Романо во раните утрински …