Дома Фудбал Италија Леонардо заминува – Милан носи нов спортски директор

Леонардо заминува – Милан носи нов спортски директор

Се погласни се шпекулациите дека Леонардо на крајот на сезоната ќе го напушти местото на спортски директор во италијанскиот гигант Милан.

Бразилецот пристигна минтото лето кога клубот ги промени сопствениците и дојде во рацете на компанијата „Елиот“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Леонардо е одговорен за трансферите на „Сан Сиро“, но медиумите тврдат дека дошло до несогласувања помеѓу него и генералниот директор Иван Газидис.

Имено, Леонардо сака целосна моќ на одлучување околу трансферите, а сега последниот збор сепак го има Газидис, кој раководи со финансиите.

Поради тоа Леонардо е спремен да си замине од Милан ова лето, а притоа има и понуда од бразилската Федерација да ја преземе улогата на координатор.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека главен кандидат да седне на неговото столче е актуелниот спортски директор на Лил, Луис Кампос.

Благодарение на работата на Кампос, Лил успеа да открие многу таленти и да создаде респектабилен тим кој оваа сезона заврши на второто место на табелата.

Кампос претходно работеше и во Монако и е најзаслужен за откривањето на Мбапе, Лемар, Бакајоко, Фабињо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…