Дома Останати Легендите одат во историјата: Нарцис и Омејер се збогуваа од репрезентативниот дрес

Легендите одат во историјата: Нарцис и Омејер се збогуваа од репрезентативниот дрес

Легендарниот голман Тиери Омејер и левиот бек Даниел Нарцис и официјално кажаа „збогум“ на репрезентацијата на Франција.

После Олимписките игри во Рио минатата година, и двајцата најавија дека ќе одиграат уште едно светско првенство на кое Франција беше домаќин на почетокот од оваа година, па по освојувањето на златото не можеа да посакаат подобар начин за збогување со репрезентативниот дрес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Омејер (40), веројатно најдобриот ракометен голман на сите времиња, за репрезентацијата на Франција играше од 1999 година и освои три олимписки медали, две злата и едно сребро, пет светски првенства и три европски титули. На 356 натпревари постигна и 4 гола.

Даниел Нарцис (37) во француската репрезентација дојде една година после Омејер, а настапи 309 пати, постигнувајќи дури 912 гола. Ги освои истите титули како Омејер, освен едно светско злато во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…