Дома Трансфер зона Легендата на Реал: Ќе биде болно да се гледа како заминува Роналдо

Легендата на Реал: Ќе биде болно да се гледа како заминува Роналдо

Легендарниот десен бек на Реал Мадрид, Мичел Салгадо порачува дека ќе биде многу тажен ако Кристиано Роналдо го напушти „кралскиот“ клуб.

Роналдо е според шпанските медиуми на чекор од трансфер во Јувентус, а Салгадо вели дека ќе биде тажен поради тоа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Ако замине ќе ме боли. Роналдо е играч кој одбележа една цела ера во Реал Мадрид. Го познавам добро, кога ќе ја донесе одлуката ќе ги земе во предвид можните последици“, изјави Салгадо.

„Ако не замине се уште ќе уживаме во неговите мајстории. Тој е чудовиште, феномен и ако замиме мораме да му се заблагодариме на се што направи. Ќе биде болно да се гледа како заминува, но мораме да прифатиме дека тоа е негова одлука и дека постои причина за тоа“, додаде Салгадо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…