Дома Фудбал Германија Легендата на Баерн го предупредува Анчелоти: Наскоро ќе се соочиш со целосен хаос!

Легендата на Баерн го предупредува Анчелоти: Наскоро ќе се соочиш со целосен хаос!

matthaeus

Атмосферата во таборот на актуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен, не е на потребното ниво.

Ѕвездите на тимот, Томас Милер и Роберт Левандовски јавно ја критикуваа управата и моменталната ситуација во клубот, а легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус го предупредува, Карло Анчелоти, дека наскоро би можел да се соочи со целосен хаос.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


„Од поодамна немало волку немир во соблекувалната на Баерн. Тактиките на тренерот не делуваат и ниту еден фан на Баерн не може да биде задоволен од моменталната ситуација во клубот. Анчелоти во овие моменти мора да биде строг. Во спротивно тој наскоро ќе се соочи со целосен хаос. Не сум сигурен колку може да спречи такво нешто“.

„Тој мора да разговара со фудбалерите. Мора да ја врати формата на екипата, но и да поработи на нивната игра, фудбалерите мораат да биде дисциплинирани и да се борат против се што го загрозува нивниот успех. Ако е потребно, некои и играчи можат да бидат и испратени на трибините“, изјави легендарниот фудбалер на Баерн Минхен кој собра повеќе од 300 настапи во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Постигнат договор: Пиоли има нов клуб

Според последните информации, Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Ал Итихад со кого се дог…