Дома Актуелно Легендата на Арсенал застана во одбрана на Џака

Легендата на Арсенал застана во одбрана на Џака

Во англиските медиуми една од главните теми е Гранит Џака и неговиот статус во Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарецот кој во новата сезона тргна како капитен, со потегот на натпреварот против Кристал Палас ги разочара навивачите на Емирати.

Многумина сметаат дека на Џака му се одбројани деновите во Арсенал и во текот на зимата ќе ја промени средината, меѓутоа во негова одбрана застана сегашниот тренер на Ница и легендарен француски фудбалер Патрик Виеира.

„Го сакам, до вчера беше капитен. Воопшто не му е лесно, за него ова е можеби најтешкиот период во кариерата. Кога сте игра и кога работите на теренот не изгледаат како што сакате, логично е да бидете фрустрирани, а “жешките“ глави понекогаш го прават тоа што не го сакате.“ – изјави Виеира и додаде:

„Не смееме да заборавиме што направи Џака откако го облече дресот на Арсенал и поради тоа заслужува почит. Верувам дека ќе излезе посилен од ова и ќе покаже колку е добар.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тажна вест: Почина поранешниот доктор на фудбалската репрезентација, Јовица Илиевски

Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно по веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевс…