Дома Фудбал Останато Легендарниот Јаја Туре објави крај на блескавата кариера

Легендарниот Јаја Туре објави крај на блескавата кариера

Поранешниот играч на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре се повлече од активното играње фудбал.

Оваа вест утрово ја потврди агентот на Туре, Димитри Селук кој напиша дека играчката кариера за Туре е завршена и дека сега ќе започне тренерска.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Откако го напушти Манчестер Сити после осум трофејни сезони, Туре се врати во поранешниот клуб Олимпијакос во септември минатата година, но неговиот договор беше прекинат после само три месеци.

Туре освои бројни трофеи во кариерата вклучувајќи ја Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата.

Исто така го освои Африканскиот куп на Нации со Брегот на Слоновната Коска, а за најдобар афрички играч беше избран 2011, 2012, 2013 и 2014 година. Играше за Олимпијакос, Металург Доњеск, Монако, Барселона и Манчестер Сити.

Освои три премиерлигашки титули, два лига Купа, ФА Куп…

Со Барселона освои две лигашки титули, шпански куп, Суперкуп на Шпанија, Лига на шампионите, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.
Овие бројки зборуваат сами по себе за кариерата на еден од најдобрите африкански играчи во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…