Дома Фудбал Италија Легендарната генерација на Парма која никогаш нема да биде заборавена

Легендарната генерација на Парма која никогаш нема да биде заборавена

Секој искрен љубител на најважната споредна работа на светот изминатата вечер сигурно со насмевка ја дочекал веста дека Парма се врати во Серија А, клуб кој пред неколку години беше исфрлен во Серија Д.

Парма пред неколку години ја отпишаа скоро сите, откако овој клуб беше пред згаснување. Меѓутоа луѓето кои дојдоа во клубот веруваа дека еден ден ќе ја вратат Парма онаму каде што припаѓа, а тоа најсилниот ранг во италијанското првенство и во тоа успеаа веројатно и побрзо отколку што очекуваа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Помислата на Парма предизвикува некои чудни, но и убави емоции кај секого кој го памети овој клуб од пред дваесетина години. Парма тогаш беше во самиот врв на италијанскиот фудбал, а тоа беше навистина голем подвиг бидејќи Серија А во тоа време важеше за најсилна лига во светот. Покрај Јувентус, Интер, Милан, Рома и Лацио, тука беше една „мала“ Парма која воодушевуваше со своите настапи.

Круната на сето тоа се случи во 1999 година кога Парма успеа да го освои тогашниот Куп на УЕФА. Италијанскиот клуб во финалето кое се играше на Лужњики во Москва го победи Марсеј со 3:0. Сепак веќе тогаш беше јасно дека Парма тешко ќе ги задржи играчите кои блескаа таа сезона, а подоцна и тоа како покажаа дека се спремни да направат големи кариери.

Помеѓу нив беше и легендарниот Џанлуиџи Буфон кој денес ќе го одигра последниот натпревар за Јувентус. Ете што е судбина. Парма вчера се врати во друштвото на најдобрите, а Буфон одлучи да заврши една успешна ера. И кој знае на крајот можеби Буфон ќе заврши онаму каде што се започна – во Парма. Големиот Џиџи не кажа дали ја завршува кариерата, а една сезона во Парма би била навистина преубав крај.

Но, да се вратиме во 1999 година и тоа финале во Купот на УЕФА. Составот на Парма сигурно уште долго ќе се споменува. Алберто Малезани имаше прилика да води генерација која со златни букви е испишна во историјата на овој клуб, а денес кога овој клуб се врати од „мртвите“ треба да се потсетиме на оваа генерација која стигна до титулата во Купот на УЕФА.

Составот: Буфон, Турам, Сенсини, Канаваро, Баџо, Богхосаин, Верон, Фусер, Ваноли, Креспо, Чиеса

Клупата: Мичило, Сартор, Муси, Аполони, Фиоре, Асприлиа, Балбо

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…