Роберт Левандовски во овој момент е можеби најдобриот играч на светот, полскиот голгетер прикажува одлични настапи во дресот на Баерн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како и секое дете така и Левандовски на почетокот на кариерата имал свои идоли. Во разговор за „Билд“ тој посочи на кои тројца им се воодушевувал.
„Кога имав шест години идол ми беше Роберто Баџо, потоа Алесандро Дел Пиеро стана мој модел, многу му се воодушевував. Во еден период најмногу ми се допаѓаше и Тиери Анри. Неговите свртувања, влегувања во простор, голови…го копирав во се“, порача Левандовски.
Ќе потсетиме, Левандовски од страна на ФИФА беше избран за најдобар во изминатата година, веројатно ќе беше и добитникот на „Златната топка“, но таа награда не се доделуваше поради ситуацијата со коронавирусот и големиот прекин во минатата сезона.