Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски многу се поврзуваше со трансфер во редовите на Реал Maдрид, а сега напаѓачот откри една тајна за тоа кои играчи го убедувале да направи трансфер во редовите на „кралевите“.
Левандовски во Германија го донесе Борусија Дортмунд, а потоа направи трансфер во редовите на големиот ривал на „милионерите“, Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скоро во секој преоден рок Германецот се поврзуваше со „кралевите“, а сега самиот Левандовски откри дека нешто се случувало и дека Кристиано Роналдо и Серхио Рамос многу го убедувале да направи трансфер во нивниот клуб.
Новинарот Балагае го запраша Левандовски дали се точни гласините дека Роналдо и Рамос го убедувале да премине во Реал Мадрид.
Одговорот на напаѓачот на Баерн беше јасен.
„Да! Вистина се тоа. Сепак, јас веќе играв во голем клуб каде што бев среќен. Имав прилика да преминам во Реал, не се одлучив на такво нешто и мислам дека донесов исправна одлука. Многу не размислувам за минатото, но кога ќе погледнам наназад верувам дека носев добри одлуки. Повеќе сакам да бидам фокусиран на она што го носи иднината и да бидам максимално спремен за секој натпревар да ги израдувам навивачите на клубот за кој играм, Баерн Минхен“, изјави Левандовски.
Исто така Левандовски беше мета на Реал и кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд, но тогаш негов избор беше трансфер во редовите на Баерн Минхен.