Дома Фудбал Италија Леао ги поставил условите за нов договор: Бара од Милан да му плати казна

Леао ги поставил условите за нов договор: Бара од Милан да му плати казна

Во изминатите два дена во Милан се работи на продолжување на договорите, Сандро Тонали потпиша со 2027, а Раде Круниќ до 2025.

Сега Милан преговара со Рафаел Леао и Исмаел Бенасер. Прв на листата за продолжување е Португалецот кој беше прогласен за МВП во Серија А минатата сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агентот на фудбалерот ги поставил условите до „росонерите“. Наводно Леао бара плата од седум милиони евра за да потпише нов договор, меѓутоа и Милан да плати дел од казната од Спортинг.

Леао на почетокот на оваа година загуби правна битка со неговиот матичен клуб бидејќи го раскинал договорот летото 2018 година, а потоа како слободен агент се преселил во Лил, за селдната да потпише за Милан.

Поради неправилно раскинување на договорот Леао треба на Спортинг да му плати 16.5 милиони евра оштета. Сега тој од Милан бара „росонерите“ да платат дел од таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…