Дома Фудбал Италија „Лајкот“ на Икарди покажува што тој мисли за дебаклот на Аргентина (фото)

„Лајкот“ на Икарди покажува што тој мисли за дебаклот на Аргентина (фото)

Потегот на Жорге Сампаоли да го изостави напаѓачот на Интер, Мауро Икарди кој беше најдобар стрелец во Серија А засега се покажува како голема грешка…

Вицешампиониот од последниот Мундијал се наоѓа во проблематична позиција и би можела да биде елиминирана уште во групната фаза.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После разочарувачкото реми против Исланд следуваше тежок пораз од селекцијата на Хрватска, па „Гаучосите“ после две кола имаат учинок од 1 бод и гол разлика -3.

Сега сите се прашуваат зошто Икарди беше изоставен, а одговорот може да го даде само Сампаоли.

Икарди по вчерашната победа на Хрватска ја „лајкна“ групната фотографија од Иван Перишиќ, а со тоа покажа дека баш и не жали, но сигурно и дека има право.

Перишиќ и Икарди секако се соиграчи од Интер, веројатно немаше да се случи доколку тој беше дел од селекцијата на на „Гаучосите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Судиската комисија ја призна грешката: Реал бил оштетен, Хујсен не заслужил црвен картон!

Комисијата за судии во Шпанија ја разгледа средбата меѓу Сосиедад и Реал Мадрид и призна г…