Лацио оваа сезона игра фантастично и е најпријатното изненандување во Серија А, бидејќи е во полна трака за Скудетото.
Меѓутоа, клубот од Рим не сака да застане со својот напредок и спрема големи трансфери на лето, бидејќи следната сезона готово сигурно ќе игра во Лигата на шампиони.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Италијанските медиуми откриваат дека најголема желба на раководството ќе биде ѕвездата на Лион и холандски репрезентативец, Мемфис Депај.
Договорот на Депај со Лион истекува во 2021 година, но Холанѓанецот во неколку наврати истакна дека е спремен да ја промени средината.
Неговата вредност во моментов изнесува околу 45 милиони евра, но Лацио ќе треба да се избори со големата конкуренција.