Дома Фудбал Англија Лампард тврди: Канте моментално е најдобар во светот!

Лампард тврди: Канте моментално е најдобар во светот!

Н’Голо Канте игра сезона од соништата и е најзаслужен за добрите резултати на Челзи, а синоќа Французинот беше и херој на „сините“ бидејќи со својот гол ги однесе во полуфиналето од ФА Купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите се импресионирани од играта на Канте, а легендата на Челзи Франк Лампард смета дека тој моментално е најдобар во светот на таа позиција и дека е подобар дури од Клод Макелеле.

Канте е најдобриот играч од средниот ред на светот во моментов, кога е во прашање позицијата дефанзивен играч за врска. Лани често го споредував со Клод Макелеле, но сега е веќе очигледно дека тој поседува уште поголем квалитет и едноставно доминира на теренот“, изјави Лампард.

Канте пристигна на „Стенфорд Бриџ“ ова лето од редовите на Лестер и е незаменлив во формацијата на Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покажа зошто го сакаа Интер и Јувентус: Првенецот на Мухаремовиќ за Лидс е спектакуларен! (Видео)

Босанскиот репрезентативец Тарик Мухаремовиќ забележа својот прв гол во дресот на Лидс и т…