Дома Фудбал Лига на шампиони Лампард: Не знаевме дека Реал е толку силен, но чуда се случуваат на „Стенфорд Бриџ“

Лампард: Не знаевме дека Реал е толку силен, но чуда се случуваат на „Стенфорд Бриџ“

Фудбалерите на Челзи загубија од Реал Мадрид со резултат 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Тимот на Френк Лампард немаше апсолутно никакви шанси против европскиот шампион, но менаџерот на Челзи се уште верува во пласман во следната фаза.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Не знаевме дека Реал Мадрид е толку силен“, започна искрено Лампард и продолжи:

„Резултатот е реален, но им кажав на моите играчи дека чуда можат да се случат на „Стемфорд Бриџ“. Реал има одличен тим, но мораме да веруваме во себе. Јас сум првиот што не се откажува и морам да имам верба во мојот тим“, порача Лампард.

Зборуваше Лампард и за проблемите во нападот на неговиот тим.

„Често го добивам тоа прашање. Прво мислев дека треба да работиме повеќе и навистина играме многу во последната третина од теренот на тренинзите, но неопходна е и самодоеврбата на играчите. Сигурен сум дека ако работите напрно, верувате и не се откажувајте, работите ќе се вратат на свое место“, истакна Лампард.

Реваншот помеѓу Челзи и Реал Мадрид е закажан за вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на…