Кире Лазаров го одигра и последниот натпревар во играчката кариера, а за неговата пензионирање од терените пишуваа сите светски медиуми.
Реномираниот „Мундо Депортиво“ направи и интервју со Лазаров во кое се зборуваше на разни теми. Лазаров откри и дека додека бил во Загреб и Унгарија, федерациите на овие земји му нуделе можност да игра за нивните селекции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во ниту еден момент Лазаров не размислувал потврдно да одговори на таквите понуди за него тоа би било предавство кон Македонија.
„Не размислував, тоа беше нешто што не чувствував дека треба да го направам, а ако не чувствувате или не сте мотивирани тогаш немојте да го правите. Знаев дека ако играв за тие репрезентации ќе освојував медали и титули, сепак тоа ќе беше и предство кон мојата земја и затоа никогаш не прифатив“, изјави Лазаров.
Со репрезентацијата на Македонија Лазаров настапи на 12 големи натпреварувања и беа пропуштени две прилики за пласман на Олимписките игри. На последното Европско првенство во Унгарија и Словачка поради повреда ја водеше Македонија само како селектор.