Дома Останати Ракомет Лазаров: Останувам селектор, во иднина можеби ќе работам во друг клуб

Лазаров: Останувам селектор, во иднина можеби ќе работам во друг клуб

Денес Кирил Лазаров преку обраќање на социјалните мрежи објави крај на играчката кариера. Веднаш по објавеното обраќање, Лазаров одржа и прес-конференција.

На прес-конференцијата заедно со претседателот на Нант, Лазаров потврди дека продолжува како селектор на Македонија, а во иднина би можел да работи и во друг клуб.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Играв во големи клубови како Барса и Сиудад Реал, но одлуката да дојдам во Нант се покажа како одлична, не погрешив. Ова е клуб кој расте секоја година и можам да кажам дека во тој момент ја донесов најдобрата одлука. Ако ви треба џокер наредната сезона можам да помогнам. Се шегувам…Останувам селектор, во иднина можеби ќе работам и во некој клуб“, изјави Лазаров.

Со Нант Лазаров го чекаат уште два натпревари, прво со Тулз во првенството и финалето во Купот на Франција со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…