Дома Останати Ракомет Лазаров: Ова не беше ништо стратегиски, ништо тактички, пред мечот им кажав момци само борба

Лазаров: Ова не беше ништо стратегиски, ништо тактички, пред мечот им кажав момци само борба

Македонија ја совлада Швајцарија со 29-27 за прва победа на Европското првенство (ЕП) во Германија, а селекторот Кире Лазаров беше задоволен од настапот на неговите избраници.

„Успевме да го промениме менталитетот за овој натпревар, се надевам дека ова е првиот чекор кон тоа. Дали имав страв во финишот од пораз?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По 45. минута паднавме енергетски, се обидувавме на неколку начини да се одржиме, изгубивме доста енергија, играчите на Швајцарија имаат силни мечеви преку целата сезона, на нив не им недостасуватаа енергија, но успеавме некако и со ротација и со спортска среќа која ја заслуживме.

Се боревме до крај, имавме сплотеност, жар, борба и на крајот ја заслуживме победата. Ова не беше ништо стратегиски, ништо тактички, пред мечот им кажав момци само борба.

Не беше лесно да се мотивираат ракометарите по поразите од Франција и Германија, но успеавме, победивме“, изјави Лазаров по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…