Македонската ракометна репрезентација загуби со 39-29 од Франција на првиот натпревар од групата А на Европското првенство во Германија.
Селекторот Кирил Лазаров не е задоволен и смета дека Македонија не заслужила толку убедлив пораз.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Честитки за Франција, тоа е најдобрата репрезентација на светот заедно со Данска и заслужено победа. Задоволен сум од моите момци во големиот дел од мечот, но тоа не беше доволно бидејќи моравме да ги одиграме сите 60 минути во ист ритам. Она што ме разочара е конечниот резултат, бидејќи мислам дека со играта што ја прикажавме не заслуживме двоцифрен пораз“, истакна Лазаров.
„Ова не менува ништо, очекувано беше да го загубиме овој меч и сега имаме четири дена за добра подготовка против Германија. Немавме среќа што се најдовме во група со Франција и Германија, но таква беше нашата среќа и ќе продолжиме да се бориме“, додаде селекторот.